Родова еднаквост во Северна Македонија

Северна Македонија направи значителни напори за изработка на рамка за политика за недискриминација и промоција на родовата еднаквост. Како земја кандидатка за ЕУ, Северна Македонија се обврза да постигне де јуре и де факто родова еднаквост и да обезбеди целосен развој и унапредување на правата на жените.


    • Пристапување кон Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ) и потпишување на Факултативниот протокол што стапи на сила во 2003 година
    • Потпишување на Пекиншката декларација и на Платформата за акција, донесени на Четвртата светска конференција за жените во Пекинг
    • Донесена Одлука за формирање Одделение за унапредување на родовата еднаквост при Министерството за труд и социјална политика 1999
    • Донесен првиот Национален акциски план за родова еднаквост
    • Се воведува родова квота, која налага 30% од кандидатите на изборните листи на национално и на локално ниво да бидат од помалку застапениот пол
    • Основан е Клуб на пратенички – неформална и меѓупартиска група на пратенички од Собранието на Република Северна Македонија
    • Донесен Закон за работни односи, со одредби за заштита од дискриминација и еднакви можности на жените и мажите
    • Донесен Закон за еднакви можности на жените и мажите
    • Основана Комисија за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Северна Македонија
    • Родовата квота за изборите е проширена и налага секое трето лице на кандидатските листи да биде од помалку застапениот пол
    • Одделението за унапредување на родовата еднаквост при Министерството за труд и социјална политика (1997) се реорганизира и прераснува во Сектор за еднакви можности, со што се унапредува неговиот статус и му се дава севкупна одговорност за унапредување на статусот на жените и мажите во сите сфери на општествениот живот
    • Назначени координатори за еднакви можности на жените и мажите во сите институции на централно и на локално ниво 
    • Донесен вториот Национален акциски план за родова еднаквост за периодот 2007 – 2012 година
    • Донесен Закон за спречување и заштита од дискриминација
    • Донесена Стратегија за безбедно мајчинство 2010 – 2015, со НАП за нејзино спроведување
    • Донесена Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2011 – 2020, со НАП за нејзино спроведување
    • Донесена Стратегија за родово одговорно буџетирање (2012 – 2017)
    • Донесен првиот НАП за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН Жените, мирот и безбедноста (2013 – 2015)
    • За првпат во Северна Македонија донесен Закон за минимална плата – не се однесува експлицитно на жените, туку ги опфаќа ниско платените работни места на кои преовладуваат жените
    • Донесена првата Стратегија за родова еднаквост 2013 – 2020
    • Донесен Закон за прекинување на бременоста (Закон за абортус) – со кој се ограничува пристапот на жените до абортус
    • Донесен Закон за спречување и заштита од семејно насилство
    • Концептот на родово одговорно буџетирање (РОБ) е воведен и за првпат спроведен во државните институции и во единиците на локалната самоуправа
    • Измени и дополнувања на Изборниот законик, со кои се зголемува родовата квота од 30% на 40% застапеност на помалку застапениот пол на кандидатите на изборните листи
    • Измени и дополнувања на Законот за работни односи – со кои се налага еднаква плата за жените и мажите и еднаков третман во поглед на вработувањето, работното време, условите за работа, професионалните шеми за социјално осигурување и отсуството од работа
    • Донесен Закон за ратификација на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) (потпишана во 2011 година, а стапи на сила во 2018 година)
    • Измени и дополнувања на Законот за минимална плата – за изедначување на минималната плата со националниот просек за работниците во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, каде што најголем дел од вработените се жени
    • Донесен третиот Национален акциски план за родова еднаквост за 2018 – 2020
    • Донесен НАП 2018 – 2023 за имплементација на Истанбулската конвенција – за усогласување на националното законодавство со одредбите од Конвенцијата, како и исполнување на обврските за спречување родово базирано насилство, обезбедување ефективна заштита на жртвите и гонење и казнување на сторителите
    • Измени на Методологијата за стратегиско планирање и подготовка на Годишната програма за работа на Владата – кои придонесоа за воспоставување механизам за вклучување на родовата перспектива во стратегиските планови и годишните програми и следење на нивната реализација
    • Донесена Стратегија за развој на женското претприемништво 2019 – 2023 – со цел да се развие претприемнички екосистем за континуирано унапредување на женското претприемништво
    • Донесени измени на Законот за учебници за основно и средно образование – со цел да се ограничат дискриминирачките и стереотипни содржини во учебниците
    • Донесени измени на Законот за основно образование – со кои се воведе одредба за антидискриминација
    • Донесен нов Закон за прекинување на бременоста (Закон за абортус) – со кој се укинаа одредбите за задолжителниот период за советување и други административни бариери за остварување на правото на абортус
    • Донесен нов Закон за социјална заштита – реформа на целокупниот систем на социјална заштита за поефективно исполнување на потребите на граѓаните, при што особено значајно место заземаат жените и девојките од ранливите категории
    • Донесен Закон за спречување и заштита од дискриминација – со кој се признаваат родовиот идентитет и сексуалната ориентација како дискриминирачки основи и се воведува концептот на интерсекциска дискриминација
    • Донесен вториот Национален акциски план за спроведување на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН (2020 – 2025)
    • Донесен Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство – усогласен со барањата на Истанбулската конвенција
    • Донесена нова Стратегија за родова еднаквост 2022 – 2027 година, која содржи јасно наведени општи и специфични цели, очекувани резултати и индикатори за следење и евалуација